06 март 2025
• од Вардарски
„Најголемиот непријател на слободата е комунизмот. Ако Македонија не се посочи со фактите дека комунизмот бил лоша идеологија, исто како фашизмот и сите други идеологии, не може да тегне напред,“ изјави Стеф, граѓанин на Република Северна Македонија.
Тој смета дека државата треба да ја признае вистината за комунизмот и неговите последици врз македонското општество. Според него, Јосип Броз Тито и другите политички фигури од тоа време не треба да бидат поставени во центарот на историјата без критичка анализа.
„Тито да го има во центар, а и сите други од балистите што правеле ршум за Македонците и за Бугарите, треба да се прифати дека и во Титова Југославија немало толку слобода како што се вели сега,“ нагласува тој.
Стеф ја споредува тогашната ситуација со денешниот развој на државите во регионот, особено во однос на Бугарија: „Да, било подобро од Бугарија, не велиме дека не. Но, на крајот на денот, каде е Бугарија сега, а каде е Македонија, а каде е Скопје?“
Тој ја потенцира важноста на економскиот развој и функционалноста на повеќе градови, а не само главниот град. „Не дека само Софија е Бугарија. Во Бугарија функционираат и други градови освен Софија. Имаш Пловдив, имаш Варна, имаш и други градови што функционираат многу добро. Значи, зошто ти треба да живееш во Скопје за да преживееш? Тоа е катастрофално,“ заклучува тој.
Изјавите на Стеф ја отвараат дебатата за историските факти, политичкото минато и правецот во кој се движи Македонија. Дали навистина комунизмот бил најголемиот непријател на слободата, и кои се последиците што ги чувствуваме денес? Останува на граѓаните и историчарите да ја продолжат оваа дискусија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

