Стефановски: „Трагедијата е последица на тоа што се случува последните 30 години“
„Целата вина не треба да се префрли на сопственикот на дискотеката. За да работи, некој му ги потпишал документите. Тој работи веќе 12 години. Постоји верига на вината.“
Ова го изјави новинарот Илия Стефановски од Радио „Кочани“ по трагедијата во која загинаа 59 лица, а близу 200 беа повредени. Според него, пожарот во дискотеката е резултат на состојбите кои владеат во последните 30 години.
Најголем број од загинатите се од Кочани, но има и жртви од Штип. Најтешко повредените се хоспитализирани во Скопје, додека оние во критична состојба се на лекување во Бугарија и Србија. Некои се префрлени и во Италија и Австрија.
„Буквално се борат за живот, а најмногу се млади луѓе,“ истакна Стефановски.
Во Кочани се одржа масовен собир како реакција на трагедијата. „Не беше протест, туку собрание на болката и тагата“, рече Стефановски, опишувајќи го одѕивот на граѓаните.