15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Утрово граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. Причината за блокадата е долгогодишното загадување и пожарите што се шират од депониите „Вардариште“ и „Дрисла“.
Жителите на Аеродром веќе една недела излегуваат на протести. Секоја вечер тие го изразуваа своето незадоволство поради чадот и неподносливата смрдеа што ја загадува атмосферата во Скопје. Денешната блокада е прв случај протестот да се одржи наутро, со цел да се привлече поголемо внимание од надлежните институции.
Организаторите најавија дека со овој потег сакаат да испратат силна порака – граѓаните повеќе не можат да живеат во услови на постојано труење. Тие сметаат дека институциите немаат слух за нивните барања и молкот од надлежните органи е дополнителен мотив за радикализирање на протестите.
Покрај депониите „Вардариште“ и „Дрисла“, граѓаните предупредуваат и на пожарите во други делови од Скопје, меѓу кои и во Трубарево. Овие пожари ја влошуваат веќе катастрофалната состојба со загадувањето, а граѓаните бараат итна интервенција и трајно решение.
Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ја продолжува својата борба за почист воздух и здрава животна средина. Со блокадата на мостот „Близнаци“ тие испратија јасна порака дека нема да запрат додека институциите не преземат конкретни чекори за гаснење на пожарите и санација на депониите.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден