23 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од 1 јануари 2026 година цената на електричната енергија ќе биде зголемена, но значително помалку од првично предложеното од страна на ЕВН ХОМЕ. По спроведените анализи и повторни пресметки, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за умерено покачување на цените по блокови.
Според одлуката, цената на струјата во првиот блок ќе се зголеми за 2,45 отсто, во вториот блок за 2,87 отсто, во третиот блок за 3,32 отсто, а во четвртиот блок за 3,84 проценти. Евтината тарифа ќе поскапи за 2,5 отсто.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, истакна дека регулаторот не го прифатил предлогот на ЕВН ХОМЕ, кој предвидуваше значително повисоки зголемувања – од 7,66 отсто во првиот блок, па сè до 11,86 отсто во четвртиот блок.
„По деталните анализи, одлучивме зголемувањето да биде далеку помало од предложеното. Во првиот блок корекцијата изнесува 2,45 проценти, во вториот 2,87 отсто, во третиот 3,32 отсто, а во четвртиот 3,84 отсто“, изјави Бислимовски.
Тој нагласи дека за околу 85 отсто од домаќинствата, кои најчесто трошат електрична енергија во првиот блок, поскапувањето ќе изнесува во просек 2,28 отсто, односно од 57 до 70 денари на месечната сметка.
Во однос на евтината тарифа, ЕВН ХОМЕ предложи зголемување од 3,96 отсто, но РКЕ одлучи тоа да биде намалено и да изнесува 2,50 проценти.
Со оваа одлука, регулаторот има за цел да обезбеди баланс помеѓу реалните трошоци во енергетскиот сектор и заштитата на стандардот на граѓаните.
Социјалната Помош и Пензискиот Фонд на Работ на Колапс – Што Да Очекуваме?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

