17 јануари 2025
• од Вардарски
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по многу студеното утро кога температурите ќе се движат од минус 9 до 0 Целзиусови степени, во текот на денот тие ќе бидат во интервал од минус 1 до 8 степени.
И во Скопје утрото ќе биде многу студено со услови за појава на магла, а преку денот ќе има ниска облачност која попладне ќе ослабне. Температурата ќе биде од минус 3 до 6 степени.
За утре се најавува сончево време со мала до умерена облачност, а вдолж Повардарието ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под минус 8 степени. Во текот на денот температурата ќе биде од 2 до 8 степени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
