05 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Возачот на мотор „Кавасаки“, кој усмрти пешак на скопскиот Кеј и побегна без да му укаже помош, наместо во притвор, ќе ја чека истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“.
Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје не ја прифати предлог-мерката на надлежната обвинителка, која бараше ефективен притвор за осомничениот. Наместо тоа, судот одреди куќен притвор, иако возачот претходно бил во бегство.
Од Јавното обвинителство информираат дека веќе е поднесена жалба против оваа мерка и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката останува на ставот дека осомничениот мора да оди во ефективен притвор, имајќи предвид дека се работи за лице кое избегало по несреќата.
Трагедијата се случила на пешачката патека на Кејот во Скопје, каде жртвата, Југослав Николовски — познат како Југо, излегол да фрли отпад и бил прегазен под прозорецот на својот дом. Возачот на моторот, според досегашните информации, немал ниту возачка дозвола.
Обвинителството останува на став дека ваквото дело и бегството по несреќата се доволна основа за одредување мерка ефективен притвор, а конечната одлука ќе ја донесе Кривичниот совет.