29 април 2025
• од Вардарски
Скандалот со братот на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, уште еднаш ја разоткри длабоката криза и нефункционалноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), изјави пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во Собранието, при расправата за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски.
„‘Брат да ми е ќе одговара’, велеше Тошковски. Епа еден брат – на градоначалникот Стефковски – беше фатен како лета низ улиците во градот. Полицијата го запрела за прекршок, но по повик до МВР, бил пуштен“, посочи Талески.
Тој го обвини министерот дека не постапува проактивно и дека институцијата која ја води се базира на прикривање скандали, а не на спроведување на законот.
„Откако СДСМ го објави видеото, братот на Стефковски отишол во станица и се пријавил сам. Доколку тоа не беше јавно споделено, ниту ќе признаевте, ниту некој ќе беше санкциониран. Граѓаните не се наивни“, истакна Талески.
Пратеникот на СДСМ истакна дека скандалот е јасен показател за тоа дека системот е нефункционален, а одговорноста, според него, лежи директно кај министерот Тошковски.
„Министерот чека луѓето сами да се пријават или медиумите и опозицијата да ги откриваат скандалите. Тоа не е работа на министер“, додаде тој.
На крајот од своето излагање, Талески повика на поддршка за интерпелацијата: „Гласот ЗА интерпелација на Тошковски е глас за правда, за закон кој важи за сите, вклучително и за функционерите на власта“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

