29 април 2025
• од Вардарски
Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талески, денеска на собраниска седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, остро го нападна безбедносниот биланс во државата, со посебен акцент на неговиот роден град Прилеп.
„Во Прилеп, во текот на мандатот на Тошковски, се запалени 24 возила. Запален е ноќен клуб, во дворови на куќи се фрлаат бомби и експлозивни направи, а угостителските објекти се претвораат во сцена за насилство и оружени пресметки,“ изјави Талески. Тој додаде дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, градот е претворен во „опасно и небезбедно место за живеење“.
Пратеникот ја обвини Владата и Министерството за внатрешни работи за, како што рече, „селективна правда и институционален колапс“. Според него, додека се поднесуваат кривични пријави против граѓани за објави на социјалните мрежи, криминални банди слободно оперираат низ државата.
„МВР е на колена. Крвави пресметки се случуваат и во дворови на полициски станици. Имавме над 30 инциденти со огнено оружје, безбедносен скандал на аеродромот во Скопје, закани со пиштол од член на обезбедувањето на претседателот на Собранието, и пуштање на слобода на лице барано со меѓународна потерница,“ нагласи Талески.
Тој, исто така, го посочи и случајот со телохранителите на премиерот — еден фатен во тепачка со полицаец, другиот во скандал со продавање службени тајни — како показател за, како што рече, „тоталниот распад на безбедносниот апарат“.
Интерпелацијата против министерот Тошковски, поднесена од опозицијата, се одвива во услови на зголемени политички тензии пред претстојните избори, со безбедноста и владеењето на правото како клучни теми на дебатата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

