07 март 2025
• од Вардарски
Министерот за здравство Арбен Таравари најави поскапување на паркинот на Клинички од 30 на 50 денари за час по преземањето од страна на албанската компанија Ѓока.
Договорот со компанијата би требало да се потпише откако ќе помине неколку филтри, но доколку има негативни реакции, истиот нема да се случи, вели тој.
„Морам да кажам дека не се однесува договорот за 20 години, туку услов во договорот е дека фирмата која ќе го добие тендерот ќе стопанисува со паркингот додека е на тоа место Клиничкиот центар. Јас не верувам дека повеќе од 7-8, еве и 10 години таму ќе остане Клинички. Затоа и немаше интерес од компаниите, да беше на подолг рок ќе се пријавеа повеќе“, рече денеска Таравари.
Во однос на цената, Таравари смета дека 50 денари е сосема пристојна цена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

