29 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на Промотивната конвенција на Националната алијанса за интеграција, упати критика за застојот на Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека соседните земји Албанија и Црна Гора веќе бележат напредок.
Во своето обраќање, Таравари истакна дека претстојните локални избори на 19 октомври нема да бидат само политичка битка за општините, туку и национален плебисцит.
„19 октомври не се само локални избори. Тоа е национален плебисцит. Се обединивме, затоа што нашата главна грижа е европскиот пат на Македонија, кој за жал е заглавен. Албанија и Црна Гора одат напред, додека Македонија стагнира. На 19 октомври ќе има голем плебисцит и голема албанска победа,“ изјави Таравари, пренесува PressOnline.al.
Тој посочи дека листите на кандидати за градоначалници и советници ја претставуваат комбинацијата на искусни политичари и помладата генерација со свежи идеи. Притоа, спомена имиња кои веќе покажале резултати во управувањето со општините.
Според Таравари, Националната алијанса за интеграција не гледа на овие избори само како на локална политичка пресметка, туку како на основа за изградба на најголемото албанско политичко движење во земјата.
Лидерот на Алијансата за Албанците додаде дека целта на оваа коалиција е по локалните избори да ја прошири својата моќ и влијание и да настапи како најсилна албанска политичка сила и на следните парламентарни избори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

