15 април 2025
• од Вардарски
Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека ќе има одговорност доколку се утврдат пропусти во случајот со смртта на 59-годишниот Тони Ангеловски, кој почина на Клиниката за кардиохирургија чекајќи итна операција поради пукната аорта.
„Ќе го видам извештајот. Треба веднаш да се формира стручна комисија. Според моите информации, една од салите работела. Но, дозволете ми прво да го разгледам извештајот“, изјави Таравари.
Семејството на Ангеловски обвини дека операцијата не се извршила бидејќи им било кажано дека нема слободни сали. Биле препратени во приватни болници, каде што добиле информација дека државната квота е исполнета до јуни. И покрај тоа, му била понудена стабилизација, но интервенцијата не можела да се изврши веднаш бидејќи немале соодветен медицински дел.
Од Клиниката за кардиохирургија велат дека пациентот веднаш бил хоспитализиран и добил соодветна терапија, по што состојбата му се стабилизирала. По детална анализа на наодите, лекарскиот конзилиум проценил дека ризикот од отворена операција бил екстремно висок и тоа било објаснето на семејството.
Од клиниката потврдуваат дека втората оперативна сала е надвор од функција веќе повеќе од еден месец поради поставување нов медицински апарат, што бара и адаптација на просторот.
Пациентот бил препорачан за понатамошен третман во приватна здравствена установа или во странство.
Случајот ја потресе јавноста и повторно го отвори прашањето за ефикасноста и капацитетите на здравствениот систем. Министерот најави дека ќе има одговорност ако се потврди дека организациски или технички пропусти придонеле кон трагичниот исход.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

