24 април 2025
• од Вардарски
Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците, денеска изјави дека иднината на партијата во владината коалиција зависи од ставот на премиерот Христијан Мицкоски. Таравари потенцираше дека доколку ВМРО-ДПМНЕ смета дека Алијанса не е потребна во власта, тие се подготвени да ја напуштат Владата.
„Ако премиерот Мицкоски смета дека сме непотребни, ние ќе ја напуштиме Владата“, изјави Таравари, коментирајќи го неодамнешното напуштање на коалицијата Вреди, од страна на неговата партија. Според него, веќе се воделе разговори со премиерот за состојбите во рамки на коалицијата.
Таравари објасни дека Алијанса за Албанците одлучила да настапи самостојно на локалните избори со свои советнички листи, слично како и движењето ЗНАМ, со кое имаат договор за меѓусебна поддршка, заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа понуда, според него, била понудена и на Вреди, но наишла на негативни реакции.
„Гледам емотивни реакции од тоа што остана во Вреди. Во периодов треба да бидеме внимателни и умни и да се обидеме да бидеме порационални бидејќи се работи за политика“, рече Таравари при посетата на Општата болница во Куманово.
Тој нагласи дека не сака да дава прогнози и дека ќе ги разгледаат сите опции за кандидатите за градоначалници доколку ситуацијата не се стабилизира.
Изјавата на Таравари доаѓа во време на тензии и прегрупирања во рамките на владината коалиција, пред важниот политички период кој следи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

