16 мај 2025
• од Вардарски
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изрази сериозна загриженост за легитимитетот на актуелната влада, оценувајќи дека нејзиниот состав не ја одразува етничката и политичката реалност во земјата. Во изјава за „Национале“, Таравари посочи дека огромното мнозинство од албанските пратеници се наоѓаат во опозиција, што според него е показател за недостиг на вистинско и правично застапување на Албанците во извршната власт.
„Во една мултиетничка држава не може да се говори за функционална и легитимна влада доколку значителен дел од нејзините граѓани, претставени преку избрани пратеници, се исклучени од процесите на владеење“, изјави Таравари.
Според него, ваквиот модел на управување ризикува да ги продлабочи етничките и политичките поделби, оставајќи ги Албанците на маргините, и покрај нивното активно учество и придонес во институционалниот развој на државата.
Таравари го искористи поводот и да ги појасни причините за напуштањето на коалицијата ВЛЕН, потенцирајќи дека станува збор за добро осмислена одлука, базирана на темелна анализа на политичката состојба и однесувањето на коалициските партнери.
„Кога нема почит кон граѓанинот што гласал за тебе, секој политички проект ја губи својата смисла. Наместо рамноправно партнерство, во рамките на ВЛЕН сведочевме политичка ароганција“, истакна Таравари.
Тој упати апел за потребата од нов политички пристап кој ќе гарантира вистинска инклузија на сите етнички заедници во процесите на донесување одлуки, оценувајќи дека само така може да се зачува стабилноста и демократијата во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

