02 ноември 2025
• од Вардарски
Арбен Таравари реагира по расистичките повици во Прилеп: „Ова е Македонија 2025? Нè сакаат во гасни комори?!“
По тешките инциденти што се случија денес во Прилеп, за време на натпреварот од Втората лига помеѓу Победа и Шкендија од Харачиново, лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, остро реагираше на социјалните мрежи. Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста откако група навивачи на македонскиот тим беа слушнати како упатуваат расистички и навредливи повици кон албанската заедница.
Во својата објава, Таравари изрази огорченост и загриженост поради ширењето на омразата на спортските терени, прашувајќи се дали ваквите сцени ја отсликуваат сликата на државата во 2025 година.
„Изгледа како кошмар, но за жал е реалност... Ова е Македонија 2025?! Со Албанци кои играат фудбал и ‘навијачи’ што во хор викаат дека нè сакаат во гасни комори?!“ – напиша Таравари.
Настанот во Прилеп ја потресе јавноста, а бројни политички и спортски личности побараа итна реакција од надлежните институции. Се бараат конкретни мерки за санкционирање на расистичкото однесување и за обезбедување на безбедност и фер атмосфера на спортските натпревари во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

