13 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Алијансата за национална интеграција, Арбен Таравари, на предизборниот митинг во Гостивар, јавно ги образложи причините за неговото заминување од претходната влада и одбивањето да влезе во, како што рече, „непринципиелни договори со македонските партии“.
„Се повлековме со добра волја. Имав две опции – првата беше да добијам неколку општини преку договор со ВМРО. Но, каде ќе нѐ одведеше тоа? Ќе доведеше до дефакторизација на Албанците на локално ниво, а на централно веќе бевме дефакторизирани,“ изјави Таравари.
Тој додаде дека, доколку избрал да остане дел од владата, ќе морал да прифати подредена и зависна улога.
„Доколку одлучев да бидам во владата, ќе требаше да бидам како Изети и Билали,“ изјави Таравари, алудирајќи на други албански политичари кои, според него, ја прифатиле улогата на потчинети партнери во коалициите со македонските партии.
На крајот, тој потенцира дека ја избрал втората опција – обединување со Али Ахмети и со Алијансата за национална интеграција, со цел, како што рече, „Албанците да го задржат своето достоинство и политичка тежина во државата“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден