12 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава поврзана со археолошките откритија во струшкото село Корошишта, порача дека ваквите наоди треба да бидат обработувани и интерпретирани од научници, а не од политичари. Тој ја нагласи потребата од вклучување на албански археолози и историчари во ваквите истражувања, со цел да се обезбеди целосна и објективна слика.
„Досега на оваа тема воопшто не се разговарало, но во сите тие археолошки истражувања дефинитивно треба да има Албанец археолог и историчар“, рече Таравари, додавајќи дека од истражувањата треба да се извлечат заклучоци кои ќе се поклопат со реалноста на теренот.
Тој предупреди дека политиката не смее да се меша во научната работа и да ги искривува фактите.
„Мислам дека ова е повеќе прашање на наука отколку на политика и не се осмелуваме да дозволиме политиката да ги отуѓува научните факти“, изјави Таравари.
Според него, откритијата треба да се третираат со сериозност и професионализам, а државата мора да овозможи инклузивен пристап кон истражувањето на културното наследство, вклучувајќи ги сите релевантни научни кадри.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

