24 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Судот, предводен од судијката Снежана Марковска, соопшти дека испратил две покани на адресата на Јованов, но тие се вратиле како неуредни. Обидот да се добие потврда на адресата преку Министерството за внатрешни работи исто така останал без одговор.
„Ги искористивме сите законски механизми предвидени во вакви случаи,“ изјави судијката Марковска. Дури и поканата испратена преку неговиот адвокат, Сашко Дуковски, не добила потврда за прием од страна на обвинетиот.
Јованов се соочува со обвинение дека му дал автомобил на својот син Васил, иако овој немал положено возачки испит – возење кое заврши трагично со смртта на младата Фросина. Обвинителот Александар Марковски на рочиштето соопшти дека делото е преквалификувано: од „предизвикување општа опасност“ во „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, што е поблага правна квалификација и носи затвор до една година или парична казна. Претходната квалификација предвидуваше до три години затвор.
„Се работи за техничка промена според начелото на специјалитет – новото дело ја опфаќа истата суштина, но е попрецизно формулирано,“ објасни обвинителот Марковски.
Меѓутоа, промената на делото предизвика револт кај семејството на жртвата. Тодор Кулаков, таткото на Фросина, остро реагираше пред новинарите:
„Ова е правен инженеринг. Судијката е судија на мафијата“, изјави тој.
Следното рочиште е закажано за 10 септември, а судот најави дека ќе продолжи со напорите да го обезбеди присуството на обвинетиот Зоран Јованов.