15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против двајца мажи на возраст од 44 и 46 години, осомничени за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ согласно член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Според информациите од обвинителството, трагичниот настан се случил на 10 септември во вечерните часови во скопскиот парк „Жена борец“. Осомничените заедно со жртвата консумирале алкохол, по што вербалната расправија ескалирала во жестока физичка пресметка.
Двајцата осомничени, со повеќекратни удари со тупаници и клоци по главата и телото, му нанеле сериозни повреди на нападнатото лице. Жртвата била итно пренесена во болница, но по два дена им подлегнала на повредите.
Поради сериозноста на делото и опасноста од бегство на осомничените, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата мажи.
Обвинителството најави дека ќе продолжи со прибирање на сите докази и сведоштва за целосно расветлување на случајот.
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден