07 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
Вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубила 19-годишна девојка.
„Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 17:40 часот лекар констатирал смрт“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Покрај починатата, со телесни повреди се здобиле и сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште. Тие биле пренесени и се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје и јавен обвинител. По наредба на обвинителот, телото на починатата девојка било дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на причините за несреќата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

