04 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Дванаесетгодишно дете е тешко повредено во сообраќаен инцидент што се случил во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С. (41) од скопското село Кондово пријавила дека нејзиниот син бил повреден во автобусот. Инцидентот се случил на 1 ноември 2025 година, околу 16:45 часот, на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
Додека детето и неговата мајка се возеле во автобусот, возачот нагло закочил, по што 12-годишното момче паднало и се здобило со тешки телесни повреди.
Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани тешките телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

