17 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На 15 септември 2025 година, околу 14:10 часот, полициските службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот В.Т. од Тетово. Според информациите, тој прво физички ја нападнал својата 43-годишна сопруга во нивниот семеен дом на улицата „Видое Смилевски Бато“.
По првиот инцидент, напаѓачот се упатил во домот на нејзините родители, каде што се обидел физички да ги нападне и нејзиниот брат и татко.
Интервенцијата на полицијата завршила со негово апсење и задржување во полициска станица. Од СВР Тетово информираа дека по целосно документирање на случајот против В.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден