23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Жена од Тетово поднела тужба против Центарот за јавно здравје – Тетово и бара обесштетување во висина од 100 илјади евра. Причината, според тужбата, е тоа што во 2021 година здравствен работник од овој Центар ѝ земал брис за ковид-19 со стапче кое претходно било употребено кај друга пациентка.
Според наводите во тужбата, здравствениот работник најнапред земал брис од жена која подоцна добила позитивен резултат на коронавирус, а потоа, со истото стапче, земал примерок и од тетовчанката. Пет дена подоцна и тужителката добила позитивен тест на ковид-19.
Случајот е предмет на судски процес, а оштетената жена бара финансиска надомест за нанесената штета и за ризикот на кој, како што тврди, била изложена поради непрофесионалното постапување на здравствениот работник.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден