02 април 2025
• од Вардарски
Од петок, во Општина Тетово започнува јавна дебата за преименување на постоечки и именување на нови улици во градот. Локалната самоуправа ги повикува сите заинтересирани граѓани, здруженија и невладини организации активно да се вклучат во процесот и да поднесат свои предлози.
Повикувањето на граѓаните да достават предлози започна уште на 10 февруари, кога беше објавен јавен повик, преку кој секој заинтересиран може по електронски пат да испрати предлог-имена за улиците. „Секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово. Заедно, отворено, транспарентно разговараме и даваме предлози“, се наведува во повикот на Општина Тетово.
Процесот за преименување и именување улици доби институционална поддршка уште во август 2024 година, кога Советот на Општина Тетово донесе одлука за формирање работна група со оваа цел. Одлуката беше изгласана со 28 гласа „за“ од вкупно 31 советник.
Сепак, иницијативата не поминува без отпор. Сојузот на борци од Тетово изрази јасен став дека не треба да се менуваат имињата на улиците кои се поврзани со антифашистичкото минато на градот. Ова прашање останува отворено за понатамошна јавна расправа, каде што ќе се судрат различни мислења и визии за историјата и иднината на урбаната топонимија во Тетово.
Општината нагласува дека целта е процесот да биде транспарентен, демократски и прифатлив за целата заедница.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

