08 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Тежок инцидент се случил вчера во едно средно училиште во Кичево, кога 17-годишен ученик нападнал помлад соученик со остар предмет и му нанел телесни повреди.
Според информациите на полицијата, инцидентот бил пријавен на 6 октомври 2025 година, во 11:45 часот, во Одделението за внатрешни работи Кичево. „Во просториите на средно училиште во Кичево, 17-годишен ученик со остар предмет нападнал 15-годишен ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Кичево,“ соопштија од полицијата.
Од напаѓачот бил одземен остриот предмет, а надлежните служби веднаш презеле мерки за целосно документирање на настанот. Против ученикот ќе биде поднесена кривична пријава.
Засега не се познати мотивите за нападот, а полицијата продолжува со истрага за целосно расветлување на случајот. Настанот предизвика вознемиреност меѓу учениците и родителите, кои апелираат за зголемени мерки на безбедност во училиштата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден