03 јуни 2025
• од Гоце Кически
За време на вонредната седница на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, посветена на Структурниот дијалог со Марта Кос, комесарка за проширување, европратеникот Томас Вајц истакна дека за Северна Македонија е клучно да ја заврши уставната измена за да може конечно да започне преговори со Европската Унија.
„Во случајот на Северна Македонија, треба да ја видиме конечно завршената уставна измена за да можат да започнат преговорите,“ нагласи Вајц. Тој се осврна на важноста на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав, како дел од барањата за отворање на пристапните преговори.
Вајц, кој е член на Европскиот парламент од групата на Зелените/ЕФА, додаде дека ова е важен чекор за зајакнување на стабилноста и добрососедските односи во регионот.
Комесарката Марта Кос, пак, повторно ја истакна заложбата на Европската комисија да продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ и повика на конструктивен дијалог во македонското општество околу уставните измени.
Северна Македонија веќе неколку години е кандидат за членство во ЕУ, но почетокот на преговорите е условен со измената на Уставот, во која треба да се вклучат Бугарите како државотворен народ, во согласност со Френскиот предлог и Договорот за добрососедство со Република Бугарија.