29 април 2025
• од Вардарски
„Ми е мило што сè повеќе млади луѓе читаат за своето потекло. Луѓето почнуваат да се осознаваат,“ вели Томе Блажевски, претставник на Фондацијата Македонија во Охрид, по повод иницијативата „Подари бугарска книга во Македонија“.
Досега, преку оваа акција, во Република Северна Македонија се донирани над 5000 книги, кои стигнале до повеќе од 2000 семејства. Блажевски раскажува дека пред шест-седум години, кога првпат почнал да чита книги за дејците на ВМРО и за т.н. „македонски Бугари“, не му било сè јасно: „Си велев, не може да е така. Но, потоа кога ги читав спомените на нашите дејци и војводи, видов дека сите тие се чувствувале како Бугари или македонски Бугари. И тогаш се запрашав – ако тие се чувствувале така, што сум јас? Јас сум она што биле тие.“
Блажевски отворено изјавува: „Јас сум Бугарин.“ Тој прво го осознал тоа преку читањето и личната истрага, а подоцна добил и бугарски пасош.
Фондацијата Македонија, покрај книгите, започнала и со делење на пакети за сателитска бугарска телевизија, со подарок – едногодишна претплата. Досега, поради финансиски ограничувања, мал број на пакети биле распределени, но на листата на чекање се запишани над 370 семејства. Фондацијата продолжува да собира донации за да може да купи уште книги и телевизиски пакети.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

