07 февруари 2025
• од Вардарски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски побара итни законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, потенцирајќи дека постои огромен расчекор помеѓу бројот на пријавени и осудени прекршители. Тој истакна дека сегашниот систем на компромиси и полуправда мора да биде разбиен и заменет со ефективна контрола и строги санкции, особено за рецидивистите.
Оваа изјава ја даде на јавната расправа во Собранието, каде што во тек е комисиска дебата иницирана од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, со поддршка од други партии.
Тошковски го истакна случајот на Фросина Кулакова како потсетник на системската неправда и потребата за итни реформи. Според него, трагичниот настан е дел од поширок проблем, бидејќи во 2024 година животот го загубиле 142 лица во сообраќајни несреќи.
– Последните три години бројот на загинати во сообраќајни незгоди е нешто помалку од 400. Тоа не се само статистики – секој загубен живот е трагедија, секоја загуба е болна, а правдата мора да биде еднаква за сите – изјави министерот.
Тој подвлече дека за да се спречат вакви трагедии, неопходна е подобра координација меѓу институциите и нивна дигитализација.
Министерот нагласи дека Владата веќе работи на дигитализација и интероперабилност на системите за автоматска достапност на податоците, со цел никој да не може да избегне одговорност. Покрај тоа, повика на саморефлексија:
– Колкумина возат после неколку чашки алкохол? Колкумина даваат гас на жолто светло? Колкумина се фалат дека нивните деца научиле да возат без положен испит? Колкумина бараат пријател што ќе им ја „скине“ казната?
Според него, проблемот не е само во законите, туку и во културата на неказнивост што заедно ја дозволуваме.
За зголемување на ефикасноста, Тошковски најави целосна имплементација на системот „Безбеден град“, кој ќе овозможи автоматско детектирање на прекршоците без човечки фактор. Планирано е поставување на камери и во други градови низ земјата, со што системот ќе се прошири во „Безбедна држава“.
Во делот на законските измени, министерот предложи:
Тошковски подвлече дека јавната расправа не смее да заврши само со дискусии, туку мора да донесе конкретни промени.
– Ова не е проблем само на една институција или Влада. Ова е проблем на целото општество. Ако не реагираме сега, ќе продолжиме да живееме во средина каде што беззаконието е норма – изјави тој.
Министерот додаде дека одлуките што ќе се донесат сега ќе бидат пресудни за тоа дали ќе изградиме праведен систем што ќе функционира за сите граѓани или ќе останеме во состојба на селективна правда.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

