20 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека системот „Safe City“ нема да претставува „замка“ за граѓаните, туку алатка за поголема транспарентност, едукација и зголемена безбедност во сообраќајот. Во таа насока, Министерството за внатрешни работи планира јавно да ги објави сите локации на кои се поставени камерите од системот.
Тошковски информираше и дека се подготвуваат подзаконски акти со кои прецизно ќе се утврдат дозволените граници на брзина, во согласност со европските стандарди. Според него, ќе се применуваат параметри што предвидуваат толеранција од три до десет километри на час над дозволената брзина.
„Целта не е по секоја цена да се казнуваат возачите, туку да се намали брзината на движење и да се спасат човечки животи“, нагласи Тошковски.
Камерите на системот „Safe City“, кои се поставени на повеќе сообраќајници во Скопје, автоматски ги евидентираат сообраќајните прекршоци од 1 декември. Иако првично беше најавено дека казните ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2026 година, нивната примена е одложена и се очекува да започне по 1 февруари 2026 година.
Со овие мерки, надлежните институции имаат за цел да придонесат кон побезбеден сообраќај и поголема доверба на јавноста во новиот систем.
Ѓорѓиевски најавува албански изведувач за новогодишната прослава во Скопје
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

