16 март 2025
• од Вардарски
Синоќа полицијата вршела контроли за користење на дрога и за присуство на малолетници во угостителски објекти ширум државата, а полицијата била и во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде еден полицаец загинал додека вршел контрола за присуство на малолетници во објектот и за дрога, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во катастрофалниот пожар кој ја зафати кочанската дискотека околу три часот утрово, загинаа над 50 млади луѓе, а повеќе од 150 се повредени.
Откако лекарите соопштија дека меѓу жртвите во пожарот и турканицата која се случила, имало и деца на возраст од 14 години, Тошковски не одговори на прашањето како е можно децата да биле во дискотеката во три наутро, и покрај тоа што во дискотеката имало полициска контрола. Министерот не даде одговор и на други важни прашања, велејќи дека не сака да ја загрози истрагата која е во тек.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

