22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лекарката од Онкологија, Мери Пешевска, доби условна казна затвор од две години. Според пресудата, таа нема да оди во затвор доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.
Пешевска беше обвинета за несовесно лекување на пациенти, а на судското рочиште ја призна вината. Таа пред судот изјави дека својот факсимил и лозинка за пристап до внатрешниот компјутерски систем на Клиниката ги оставала на располагање на други специјалисти и специјализанти.
Токму оваа пракса, според обвинителството, довела до тоа на седум пациенти – кои во меѓувреме починале – да им бидат препишувани лекови и терапии што резултирале со влошување на нивната здравствена состојба.
Случајот отвора сериозни прашања околу контролата во здравствените институции и одговорноста на лекарите што се грижат за најосетливите пациенти – оние со рак. Иако судот донесе условна пресуда, јавноста останува со дилема:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

