22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Тешка сообраќајна несреќа вчера го потресе кичевскиот регион. Две малолетни ученички, Ериона Рамадани и Албина Абази, од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“ – Кичево, го загубија животот при превртување на четирицикл.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), трагедијата се случила во 18:05 часот на локален пат во селото Колибари, кичевско. Четирициклот со кичевски регистарски ознаки го управувала 15-годишна малолетничка од селото, која изгубила контрола врз возилото и излетала од коловозот.
Во несреќата на самото место починале возачката и нејзината сопатничка, малолетничка од селото Грешница.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с. Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево,“ соопштија од полицијата.
Несреќата предизвика голема тага и шок во локалната заедница, особено во училиштето „Дрита“ каде што двете девојчиња учеле и активно учествувале во културни активности.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден