26 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вработен во Пожарната служба на општина Илинден бил пронајден починат вчера во утринските часови во просториите на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Како што информираат од полицијата, на 25 декември 2025 година, околу 08:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во една од просториите на пожарната е пронајден починат З.А. (57) од селото Мралино, општина Илинден, кој бил вработен во службата.
На местото на настанот пристигнал лекар од Итна медицинска помош, кој ја констатирал смртта без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Надлежните институции продолжуваат со постапката, а јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на обдукцијата.
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

