01 мај 2025
• од Вардарски
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, одржа остар говор пред Владата, предупредувајќи дека ако не се зголеми минималната плата, ќе следуваат масовни протести.
– Лесно е со плата од 160.000 денари месечно да велите дека со 20.000 денари се живее добро – порача Трендафилов, додавајќи дека синдикатот бара минималната плата да изнесува 500 евра, зголемена соодветно на сложеноста на работата.
Трендафилов директно ја обвини Владата дека е на страната на работодавачите, наместо на работниците, кои се нејзини гласачи. Тој остро праша:
– Дали Владата сака евтина работна сила за да нè нуди како робови на странските инвеститори?
Лидерот на ССМ нагласи дека тие се единствениот вистински синдикат кој се бори за правата на работниците, обвинувајќи ги другите синдикални организации како „квази-синдикалци“. Тој потсети дека минатата година, кога актуелната владејачка гарнитура беше во опозиција, ја поддржуваше борбата на синдикатите за зголемување на платите.
Трендафилов најави дека протестите нема да престанат, туку напротив, ќе се засилат ако Владата не излезе во пресрет на барањата на работниците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

