08 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот во октомври годинава се зголемени за 4,5 проценти во споредба со истиот месец лани. Најголемо зголемување е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци – 7,0%, кај алкохолните пијалаци и тутунот – 6,7%, а најизразено зголемување има кај рекреацијата и културата – речиси 8%. Граѓаните, исто така, трошеле повеќе за ресторани и хотели – над 5%, како и за зеленчук – 4,3%.
Иако на годишно ниво се бележи раст, статистиката покажува дека на месечно ниво има мало намалување на трошоците од 0,2%.
„Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во споредба со септември 2025, е резултат на падот на трошоците за живот во следните групи: транспорт за 6,1%, мебел, домашна опрема и одржување на домаќинството за 0,3%, како и образование, рекреација и култура за 0,1%,“ соопштуваат од Државниот завод за статистика.
Граѓаните велат дека животниот стандард секојдневно опаѓа и дека едвај го завршуваат месецот. Тие обвинуваат дека властите ја префрлаат одговорноста едни на други, без да преземат конкретни мерки за подобрување на условите за живеење.
„Нашиот стандард е многу низок, сѐ е скапо – цените растат без крај и може да растат уште повеќе,“ вели еден граѓанин.
„Ова е само пропаганда, секој ден цените растат по три, по пет денари,“ додава друг.
„Скапо е,“ кратко одговара една соговорничка.
„Па, не е баш така... – Какви се цените? – Повисоки,“ вели друг граѓанин.
И покрај растечките цени, предизборната кампања ги засенува жалбите на граѓаните за скапотијата и секојдневните економски тешкотии.
Според пресметките на синдикатите, за едно четиричлено семејство се потребни повеќе од 65.000 денари месечно само за задоволување на основните потреби.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

