МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението против таткото на Вања

01 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, гостувајќи во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24, најави дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите нивоа во Јавното обвинителство во врска со обвинението поднесено против таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

„По моја проценка, ние сме далеку од правосилност на оваа пресуда, ќе има жалба. Секако дека одговорност ќе се бара, тоа е сигурно, и тоа на сите нивоа. Во таа смисла не знам како ќе постапи Јавното обвинителство“, изјави Туфегџиќ.

Тој нагласи дека за да ја расчисти сопствената совест, во текот на јули ќе достави информација до републичкиот јавен обвинител за целиот тек на постапката.

„Ќе доставам информација до републичкиот јавен обвинител, со барање да изврши увид, и тоа со наведени точки и докази. По тоа прашање, јас би ставил точка, а на државниот јавен обвинител му оставам на совест дали ќе го прочита. Ќе го направам тоа не само заради себе, туку и заради сите идни предмети и постапки“, посочи Туфегџиќ.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени