13 јануари 2025
• од Вардарски
Полицијата во Кавадарци го приведе С.Б. (44) поради физички напад врз сограѓанин. Според информациите од МВР, инцидентот се случил утринава во 02:00 часот на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци. По кратка расправија, С.Б. го нападнал Б.Ч. (32), удирајќи го со пиштол по главата.
Напаѓачот бил приведен во полициската станица, а оружјето е одземено од страна на полицијата. Јавниот обвинител бил информиран за случајот, а по целосно документирање на настанот, против С.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
