22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Тетовската полиција попладнево соопшти дека привела малолетник од Тетово, откако кај него и во неговиот дом била пронајдена дрога.
Според информациите од СВР Тетово, прво при полициска контрола на улицата „ЈНА“ кај малолетникот биле пронајдени две кеси со марихуана. Потоа, со судска наредба бил извршен претрес и во неговиот дом, каде што биле откриени дополнителни 28 зипер кеси со зелена тревкаста материја.
Надлежните потврдија дека малолетникот е лишен од слобода. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден