14 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вчера вечер беше уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, под сомнение за примање поткуп од неколку десетици илјади евра, дознава Press24 од свои извори.
Според првичните информации, Стафа е лишен од слобода поради дело поврзано со корупција, односно примање поткуп во износ од повеќе десетици илјади евра. Засега нема официјални детали од надлежните институции за текот на истрагата, но се очекува повеќе информации во текот на денот.
Фехми Стафа на функцијата државен правобранител беше именуван како предлог на партијата Алтернатива, а во јавноста неговото име често се поврзуваше и со Демократската унија за интеграција (ДУИ). Во изминатиот период против него биле поднесени и повеќе пријави до Финансиската полиција.
Името на Стафа претходно се најде и во контекст на скандалот поврзан со имотот на бизнисменот Сеад Кочан, што дополнително го зголеми интересот на јавноста за неговото работење.
Надлежните органи најавуваат продолжување на постапката, а јавноста очекува разрешница на случајот и утврдување на евентуалната кривична одговорност.
Извор: press24.mk
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

