14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пожарот кој избувна во саботата рано попладне во скопското село Трубарево вечерва повторно се распламти и зафати уште поголема површина од претходно.
Станува збор за пожар во објект на фирмата „Ф-Групација“, која се занимава со преработка на електронски отпад. Пламените јазици, освен главниот објект, зафатиле и два други магацини каде што имало складирано големи количини пластичен отпад. Како резултат на тоа, над населеното место се издига густ, црн и многу веројатно токсичен чад, кој претставува сериозна опасност за здравјето на жителите во околината.
Според неофицијални информации до кои дојде Курир, управителот и сопственикот на погоните кои во моментов се во пламен се приведени и се наоѓаат во полициска станица. За понатамошното постапување ќе одлучува Јавниот обвинител.
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден