10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Едно лице загина во вооружен инцидент што се случи денеска во Тетово, потврди ТВ21. Според првичните информации, напаѓачот користел автоматска пушка, а мета на нападот бил автомобил марка „Голф“.
Неофицијално, убиеното лице било нападнато од блиска дистанца, а во престрелката се повредил и случаен минувач. Засега, идентитетот на жртвата не се открива.
Полицијата не соопштува повеќе детали поради тековниот увид на местото на настанот. Извори блиски до истрагата наведуваат дека можен мотив за убиството е одмазда или нерасчистени меѓусебни односи.
Истрагата продолжува, а од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана штом се обезбедат повеќе информации.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово