09 февруари 2025
• од Вардарски
Денеска во Скопје најавен протестен марш кој повикува на безбедност во сообраќајот. Уличниот форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ треба да ги со бере сите идеи и предлози за посигурни улици и за подигање на сообраќајната култура, велат организаторите.
Целта е, како што наведува организаторот, да има обединување со пошироката и стручна јавност и да се испрати недвосмислена порака дека „безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност“.
Протестен марш во чест на Фросина Кулакова вчера се одржа и во Неготино, родниот град на младата девојка. Се бара правда, законите да важат за сите подеднакво, но, и системски промени за посигурни патишта. Испратена порака дека е време да се каже стоп на сообраќајното насилство. Говорниците, изворот на проблемите го лоцираа во судството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

