15 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел, порача дека Европската унија целосно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство, но и дека последниот предуслов за отворање на пристапните преговори останува усвојувањето на уставните измени.
„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен – треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е кај вас. ЕУ е подготвена“, порача фон дер Лајен на социјалната мрежа Х по средбата со Мицкоски.
Фон дер Лајен истакна дека, додека се чека на политичкиот исчекор од Скопје, Унијата веќе работи на тоа да ги приближи граѓаните на Македонија кон европските стандарди, пазар и технологии.
„Во меѓувреме, го приближуваме вашиот народ кон нас. Тоа е суштината на Планот за раст! Отвораме AI Factory антена во Скопје, ја вклучуваме земјата во Европската зона за единствени плаќања и исплаќаме 16 милиони евра благодарение на спроведените реформи“, додаде претседателката на Европската комисија.
Со оваа изјава, фон дер Лајен уште еднаш го потврди ставот на Брисел дека процесот на отворање на пристапните преговори зависи исклучиво од исполнувањето на обврските кои Македонија веќе ги презеде, вклучително и уставните измени со кои ќе се овозможи вклучување на Бугарите во Уставот.
Европската комисија нагласува дека останува подготвена да го поддржи земјиниот реформски процес и да обезбеди финансиска и техничка помош на патот кон членство во Европската унија.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
ШОК СНИМКИ: Градоначалник барал бакнежи и жени во скут – јавноста згрозена
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден