МАКЕДОНИЈА

Вајц за БГНЕС: Не сум сигурен дали С. Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ

25 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, европратеникот Томас Вајц, известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, изрази сомнеж дали земјата навистина има волја да стане членка на Европската Унија преку спроведување на потребните реформи предвидени во преговарачката рамка.

„Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка“, изјави Вајц, додавајќи дека сепак постои јасна поддршка од мнозинството во Европскиот парламент за напредокот на земјата и целиот регион.

Тој нагласи дека лично се залага за проширувањето на Унијата со сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во однос на обвинувањата дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, спровел кампања во Брисел со цел да влијае врз содржината на извештајот, Вајц одговори дека работи исклучиво врз основа на факти и објективна анализа.

„Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството и медиумите“, истакна Вајц.

Тој исто така потенцираше дека Европскиот парламент нема надлежност да валидира јазик или идентитет, туку фокусот на извештајот е состојбата на земјата во процесот на пристапување. Како пример за важноста на европските вредности, Вајц го спомена вклучувањето на бугарската заедница како дел од дебатата за правата на малцинствата.

„Ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања треба да се решаваат меѓу самите земји“, изјави тој.

На крајот, Вајц ја истакна потребата од европско единство во моменталната геополитичка ситуација, нагласувајќи дека е пријател на земјите од Западен Балкан, но и на Бугарија. Тој категорично негираше дека бил под какво било влијание од Мицкоски или други европски политичари.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени