Вандализам во Штип: Искршени фотографиите на починатите од трагедијата во Кочани
Во текот на ноќта, непознати сторители ги искршиле фотографиите на петтемина починати штипјани од трагичната несреќа во Кочани, кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во чест на нивниот спомен. Утрово, минувачи го затекнале местото во неред и веднаш ја алармирале јавноста.
Фотографиите беа дел од импровизирана комеморативна поставка, како дел од народната поддршка и тага за трагедијата што го потресе целиот регион. Граѓаните се револтирани од овој чин на вандализам, оценувајќи го како длабоко нечуствен и непочитувачки кон жртвите и нивните семејства.
Надлежните органи се повикани да преземат истрага за случајот, а јавноста очекува сторителите да бидат идентификувани и соодветно санкционирани.
Овој немил настан доаѓа во период кога заедницата сè уште се соочува со болката од трагедијата, и повторно потсетува на потребата од достоинствен однос кон споменот на настраданите.
Извор: МНЕТ