13 мај 2025
• од Вардарски
Возачот Васил Јованов, кој во јануари годинава ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на обележан пешачки премин во центарот на Скопје, денес беше осуден на 12 години затвор.
Судот го прогласи Јованов за виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за што законот предвидува казна затвор од најмалку четири, а најмногу 20 години.
Трагичниот настан се случи кога Јованов, возејќи без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од 90 километри на час, удри во младата Фросина додека таа поминувала улица на обележан пешачки премин. Таа почина на самото место.
При изрекувањето на пресудата, судијката Снежана Марковска ги наведе отежителните околности — претходните прекршоци на Јованов во сообраќајот и фактот дека и покрај нив, тој повторно управувал со возило, што го оцени како „дрско и безобѕирно однесување“.
Како олеснителни околности судот го зема предвид тоа што обвинетиот изразил каење и жалење, ја прифатил вината и одговорноста, и дека е млад човек.
Пресудата ја следеше семејството на трагично починатата Фросина, како и родителите на обвинетиот. Со болка и гнев реагираше таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој при изрекувањето на казната извика: „Судот е мафија!“
Случајот ја потресе јавноста и повторно го отвори прашањето за безбедноста на пешаците и одговорноста на возачите во сообраќајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

