TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Величковски: Што ќе попушти прво – кредитниот рејтинг или денарот?

05 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Лидерот на „Нова Република“, Ивон Величковски, преку објава на својот Фејсбук профил предупредува дека македонската економија влегува во 2026 година со сериозни ризици, кои директно го загрозуваат и кредитниот рејтинг на државата и стабилноста на денарот.

Величковски потсетува дека уште при утврдувањето на кредитниот рејтинг за 2025 година биле лоцирани зголемени ризици, како што се нискиот раст на БДП во првите три квартали, упорниот буџетски дефицит, растечките сегменти на јавниот сектор и дополнителното трошење за поддршка на економскиот раст. Според него, истите овие оценки може да се очекуваат и за 2026 година.

Тој ја критикува и владината статистика дека Македонија е „четврта европска економија по раст“, посочувајќи дека ваквиот оптимизам е илузорен.

„Четири проценти раст од вредност 100 се четири, но четири проценти од вредност 10 се само 0,4“, пишува Величковски, укажувајќи дека растот е слаб во апсолутна вредност и не создава суштинска економска сила.

Според него, економијата веќе почнала да се стеснува со заминувањето на дел од производителите од слободните економски зони, без тие да бидат заменети со нови. Инвестициите во одбранбената индустрија, како што наведува, сè уште се само во најава, додека рестартирањето на ФЕНИ е далеку, особено во услови на неповолни циклусни берзански цени.

Величковски оценува дека инвестициите во енергетиката се далеку од доволни за да се обезбеди електрична енергија како евтин производен инпут. Со оглед на тоа што струјата има значајно учество во вкупната цена на домашниот производ, ова директно ја намалува неговата конкурентност.

Во објавата тој остро го критикува и концептот на минимална плата, кој, според него, вештачки се одржува во соцреалистички рамки. Наместо воведување плата по работен час и дејност, како и вистинско воведување бруто-плата, владите, вели тој, избегнуваат реална реформа на пензискиот и здравствениот фонд.

„Концептот на политика, економија, здравство и пензии како до 1990 година е неприменлив во 2026“, потенцира Величковски.

Посебно внимание посветува и на состојбите во земјоделството, каде што, според него, партиско-корупциското субвенционирање го запрело ИПАРД, а растот на трговскиот дефицит при увозот на храна и зголемувањето на необработените површини се директен производ на клепто-бирократијата што, како што наведува, делува во континуитет од 2006 година до денес.

Тој наведува дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за субвенционирање по насадена површина, наместо по произведена количина, се покажал како коруптивно-деструктивен, при што субвенциите во земјоделството практично станале зависни од европските фондови.

Во однос на задолжувањето, Величковски оценува дека ефектот од т.н. „унгарски кредит“, кој го опишува како кредит со „кинески мирис“, е речиси незабележителен, бидејќи средствата очигледно се потрошени. Иако пензиите се зголемени, како што наведува, нема видливи ефекти во локалните самоуправи ниту во пласманот кон фирмите. „Британското зајмување“, односно гаранциите за идните задолжувања, допрва чекаат конкретни проекти.

Во економија што се стеснува во интерес на администрацијата и корупцијата, очекувањето ново задолжување да го врати старото, според Величковски, е рецепт за одвраќање на странските инвеститори од државните обврзници.

Тој предупредува дека намалената додадена вредност на домашниот производ создава постојан притисок врз курсот на денарот, кој сè повеќе изгледа преценет. Таквиот курс, додава, го поскапува извозот и дополнително ја намалува конкурентноста на македонските производи.

„Сето ова особено ги обесхрабрува малите и средните, пред сè извозните претпријатија. Доцнењето на повратот на ДДВ за нив е ударот што го затвора лошиот круг“, наведува Величковски.

Дополнително, честите изборни циклуси во 2024 и 2025 година, како и очекуваните избори во 2026, според него, секоја година ја успоруваат економијата по неколку месеци.

Сумирајќи, Величковски оценува дека и кредитниот рејтинг и курсот на денарот ќе бидат под силен притисок, при што оценувањето на кредитниот рејтинг со „BB-“ во 2026 година би било политички дарежливо, но не и сигурно.

„Без тешки, но неопходни одлуки и решенија, 2026 година нема да ги подобри ниту економските, ниту демографските перформанси на државата“, порачува Величковски на крајот од својата објава.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега