24 април 2025
• од Вардарски
На интернет се појави вознемирувачко видео кое прикажува малтретирање на лице, за кое се тврди дека е осомничено за грабеж на пари од манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани. Засега од Министерството за внатрешни работи (МВР) нема официјална информација во врска со видеото и случајот.
Грабежот се случил во текот на вечерта помеѓу 23 и 24 април, веднаш по Велигденските празници. Настанот првично бил објавен од страна на манастирскиот одбор, кој преку својата официјална Фејсбук страница сподели снимка од безбедносните камери на кои се гледа сторителот како се движи низ манастирските простории.
Покрај видеото, објавена е и фотографија од лице за кое постои сомневање дека е вмешано во грабежот, со повик до јавноста да помогне во неговата идентификација. Од страна на надлежните институции сè уште нема конкретни детали за тоа што точно било одземено од манастирот.
Според неофицијални извори, полицијата е веќе ангажирана на случајот и работи на идентификација на сторителот, како и на целосно расветлување на инцидентот. Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради појавата на видеото со наводно малтретираното лице, што дополнително го комплицира целиот настан.
Очекувањата се дека МВР наскоро ќе излезе со официјална изјава и детали за истрагата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

