13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денеска попладне избувна голем пожар во објект лоциран во населбата Илинден, кај клучката за влез во Скопје. Огнот зафатил повеќе простории од објектот, а причините за запалувањето засега не се познати.
Неофицијално, се работи за магацин во кој се складирала пластика, но оваа информација сè уште не е потврдена од надлежните. На самото место, според снимките, може да се забележи и отпад, меѓу кој има и расфрлани гуми што дополнително го хранат огнот.
Густ чад се издига над местото на пожарот и е видлив од повеќе делови на Скопје, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Засега не е потврдено присуството на противпожарни екипи на теренот, но јавноста очекува брза реакција.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот од институциите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

