11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Вечерва, по победата на фудбалската репрезентација на Албанија против Србија во квалификациите за Светското првенство, низ централните улици на Скопје се одржуваа спонтани прослави од страна на групи навивачи. Дел од нив излегоа со албански знамиња, пееја навивачки песни и славеа со автомобили и факели.
Меѓутоа, дел од прославата доби и вознемирувачка димензија. На неколку локации биле забележани групи кои пееле навредливи песни со етничка содржина и говор на омраза, меѓу кои и стихови како „македонско девојче, ***** голема“. Сцените биле споделувани на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции и осуда од јавноста.
Граѓаните упатуваат апели за смиреност и за осуда на ваквите појави кои, според нив, го нарушуваат соживотот и меѓуетничките односи во земјата. Од полицијата засега нема официјално соопштение дали се преземени мерки во врска со овие инциденти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден