07 февруари 2025
• од Вардарски
Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, повторно предизвика жестоки реакции во јавноста со својата изјава за процесот на формирање на македонската нација. Во својата анализа, Георгиевски нагласува дека македонската нација произлегува од бугарската, но низ долг историски процес кој не започнува во 1945 година, туку многу порано, во контекст на сложените политички конфронтации во регионот.
„Според сето она што го анализирам и читам, јасно е дека македонската нација излегува од бугарската, но во еден долг процес, а не во 1945 година,“ изјави Георгиевски. Тој со оваа констатација ги отфрла тврдењата дека македонската национална свест е вештачки конструирана по Втората светска војна, туку укажува на историски континуитет во оформувањето на македонскиот идентитет.
Во своето излагање, тој исто така нагласува дека создавањето на македонската нација е резултат на бројни политички конфронтации, што укажува на комплексноста на процесот, кој не може да се сведе на едноставни формули или пропагандни наративи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

